Мравки
2024-04-12 15:45:00Видови на мравки и нивното потекло
Мравките се еусоцијални инсекти од фамилијата Formicidae и заедно со сродните оси и пчели, припаѓаат на редот Hymenoptera. Мравките се појавуваат во фосилните записи, ширум светот во значителна разновидост уште од најраните периоди на човештвото.
Постојат повеќе видови на мравки околу, 10-тина илјади, кај нас се најпознати две врсти од кои се црните градинарски мравки и фараонските.
Како да ги препознаеме?
Фараонските мравки имаат специфична боја односно црвенкасто- жолта боја и се ситни и потешко видливи за разлика од останатите мравки, кои можеме полесно да ги забележиме. Тие најчесто се населени во домаќинствата, хотелите, канцелариите.
Големина на мравки
Поради нивната големина од 2 милиметри тие лесно можат да влезат во било кој објект, иако се сите врати затворени,често се движат и по разна инсталација и така се населуваат.
Најчесто живеалиште
-Кујни
-Тоалети
Опасноста која ја носат мравките
Мравките, поради нивната мала големина, можат лесно да влезат во различни продукти и со тоа да предизвикаат различни болести, најчесто стрептокока или салмонела.